Масакр во дом за лица со посебни потреби во Јапонија

26.07.2016 10:13

Уапсен е 26-годишен маж кој им се предал на властите. Се работи за поранешен вработен во домот кој изјавил дека сака да ги снема сите луѓе со инвалидитет.

19 лица се убиени, а 45 се повредени во напад со нож во дом за немоќни и хендикепирани лица во Јапонија.

Уапсен е 26-годишен маж кој им се предал на властите. Се работи за поранешен вработен во домот кој изјавил дека сака да ги снема сите луѓе со инвалидитет.

Масакрот се случил во Сагамихара, 40 километри од Токио.