„Кранфилд Фаундри“ почнува со изградба на фабрика во Пробиштип

26.07.2016 11:02

Компанијата ќе гради најсовремена, високо-автоматизирана еколошка леарница за производство на делови за автомобилската индустрија. Според најавите во оваа компанија ќе се вработат меѓу 250-300 лица.

Во индустриската зона Неокази, Пробиштип денес ќе биде поставен камен темелник за изградба на фабриката на компанијата Кранфилд Фаундри.

Компанијата ќе гради најсовремена, високо-автоматизирана еколошка леарница за производство на делови за автомобилската индустрија. Според најавите во оваа компанија ќе се вработат меѓу 250-300 лица.

На почетокот на изградбата на фабриката ќе присуствуваат премиерот Емил Димитриев и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.