Ердоган: Народот бара враќање на смртната казна, тоа мора да го исполниме
Европските и американските лидери неколкупати ја предупредија Анкара да не презема таков чекор за да не ги загрози позицијата во НАТО и преговорите за членство во ЕУ:

Во интервју за германска телевизија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повтори дека народот бара враќање на смртната казна, а тоа барање мора да го исполнат оние што го водат. Европските и американските лидери неколкупати ја предупредија Анкара да не презема таков чекор за да не ги загрози позицијата во НАТО и преговорите за членство во ЕУ:
„Само во Европа и во земјите-членки нема смртна казна. Речиси насекаде во светот постои. Стоиме веќе 53 години пред вратите на унијата, а одамна ја укинавме смртната казна. Но, сега е поинаку. Ако сме демократија, кој е главен? Народот, се разбира. А што велат турските граѓани? Бараат да се врати смртната казна. Ние, како влада, мора да ги слушаме. Ние не велиме не“, изјави претседателот Ердоган.
„Анкара ќе го исполни ветеното во договорот за мигрантите потпишан со ЕУ“, нагласи Ердоган, обвинувајќи ја другата страна потписничка за непочитување на обврските што произлегуваат од спогодбата. Според договорот, Унијата треба да и праќа помош на Турција која е обврзана да го спречи бегалскиот бран кон Грција. Обновување на пристапните преговори и укинување на визниот режим за турските државјани се исто така точки во спогодбата.
