Ципрас: Да му се овозможи на народот директна демократија

26.07.2016 11:48

Според него, луѓето треба да решаваат кој ќе биде претседател, функција што сега ја избира парламентот.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас бара измени во Уставот за да му се овозможи на народот директна демократија.

Според него, луѓето треба  да решаваат кој ќе биде претседател, функција што сега ја избира парламентот.

„Мора да имаат и можност да отфрлаат нови закони на референдуми“, изјави Ципрас во телевизиско интервју.

Грчкиот устав беше сменет три пати во последните 40 години.