Двајца загинати при заложничката криза во црква во Франција
Краткотрајната заложничка криза почна утринава, кога двајца напаѓачи чиј идентитет засега не се соопштува, упаднаа во црквата во местото Сент Етјен ду Рувре и ги задржаа како заложници сите присурни во црквата.
Свештеник и еден од напаѓачите се убиени за време на акцијата на француските безбедносни сили за „неутрализирање“ на двете вооружени лица, кои како заложници држеа неколку луѓе во една црква близу градот Руан, јави релевизијата Франс 24.
Според истиот извор, со потешки повреди се здобило уште едно лице.
Краткотрајната заложничка криза почна утринава, кога двајца напаѓачи чиј идентитет засега не се соопштува, упаднаа во црквата во местото Сент Етјен ду Рувре и ги задржаа како заложници сите присурни во црквата.
Според француските медиуми, во цркавата во тој момент покрај свештеникот, биле и две католички калуѓерки и неколкумина верници.
Медиумите не се согласуваат околу точната бројка на заложниците, освен што се претпоставуваше дека биле меѓу четири и шест лица.
Некои медиуми тврдат дека при упадот во црквата се слушнале истрели од огнено оружје, додека други велат дека напаѓачите биле вооружени само со ножеви.
Телевизијата Франс 24 јавува дека веднаш по упадот на напаѓачите, полициски и безбедносни сили го запоседнале целиот простор околу црквата.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерт за внатрешни работи Бернар Казнев се упатиле кон местото на нападот.
Полицијата не јавува дали инцидентот во близината на Руан го смета за терористички напад.
