Зголемен број пациенти во „8-ми Септември“

29.01.2014 16:15

Четири дигитални рендгени, 5 ехоапарати, сонди за повеќенаменски испитувања, ова е само дел од новата...

Четири дигитални рендгени, 5 ехоапарати,  сонди за повеќенаменски испитувања, ова е само дел од новата опремата во Градската општа болница „8-ми Септември“. Комплетно е реновирано и проширено одделението за неврологија, реновирани се и други одделенија, стартуваше и центарот за дијализа, почна проширување и на Ургентниот центар каде што ќе има и уште две операциони сали.

Бројот на пациенти во градската општа болница „8– ми септември“ на годишно ниво е зголемен за 60 %. Причина плус за зголемувањето на бројот на пациентите се и оние од внатрешноста кои се над 40%. Пациентите се задоволни од услугите на болницата. Во „8 Септември“ работат 149 доктори, но  сепак недостигаат медицински сестри.

„Имаме советување од Комората дека прегледите би требало да не траат помалку од 20 минути, но реално од 20 до 30 минути. Сите прегледи кои траат под 20 минути, постои ризик од лекарска грешка“, вели Сашо Стојчев, директор на радската општа болница „8-ми Септември“.

Со новините, раководството на болницата очекува подобри услови за пациентите.

Ана Јосифоска