Јапонија: Напаѓачот ѝ нудел на владата да убива хендикепирани лица

26.07.2016 12:52

Меѓу жртвите деветмина се мажи, а останатите се жени на вораст од 18 до 70 години. Напаѓачот е уапсен. Станува збор за 26-годишниот Сатоши Уематсу кој им се предал на властите признавајќи го делото...

19 лица се убиени, а најмалку 25-мина се повредени во напад со нож во дом за немоќни и хендикепирани лица во јапонскиот град сагамихара близина на токио. Меѓу жртвите деветмина се мажи, а останатите се жени на вораст од 18 до 70 години. Напаѓачот е уапсен. Станува збор за 26-годишниот Сатоши Уематсу кој им се предал на властите признавајќи го делото. Тој претходно бил хоспитализиран во психијатриска установа откако изразил подготвеност да убива хендикепирани луѓе, доколку владата го одобри тоа.

„Примивме осуммина пациенти со длабоки рани во вратот... Пациентите доживеале психички шок и не можат да зборуваат за себе“, велат лекарите.

„Ми беше сосед, изгледаше мирно“, сведочи сосед на напаѓачот

„Не можам да сфатам зошто направил толку ужасна работа!“, вели роднина на една жртва.

Масакрот се случил 40 километри од Токио. Полицијата на почетокот од годината го контактирала осомничениот откако тој се обидел да врачи писмо со својот бизарен предлот до долниот дом на јапонскиот парламент, по што на 19 февруари бил присилно хоспитализиран. На 2 март бил пуштен од установата, отако лекарите процениле дека неговата состојба се подобрила.

 

Марина Автовска