Акредитација за лабараториите на МВР

26.07.2016 13:18

Ова значи потврда на компетентноста, повисока доверба во лабараториските резултати, стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал со светските практики, велат од МВР.

Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења доби сертификат за акредитација. Ова значи потврда на компетентноста, повисока доверба во лабараториските резултати, стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал со светските практики, велат од МВР.

Реализацијата на овој процес за форензичките лаборатории и за Министерството е од голема важност. Со добивањето на сертификатот за акредитација се потврдува компетентноста на експертите и стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал, рече министерот Чавков.

Потенцира дека акредитацијата ќе овозможи и континуитет во членството на форензичките лаборатории во најреномираната европска асоцијација од областа на форензиката - Европската мрежа на форензички научни институти.

Според директорот на Инстититот за акредитација Трпе Ристовски, оценувањето на овој Оддел при МВР претставувал особен предизвик за Институот, имајќи ја предвид спецификата со која се работи испитувањето во овие три лаборатории, кои се акредитирани.