Метео: Утре сончево со умерена облачност
26.07.2016 13:55
Попладне не е исклучена можноста за ретка појава на краткотарен дожд со грмежи особено во западните и југозападните подрачја.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Попладне не е исклучена можноста за ретка појава на краткотарен дожд со грмежи особено во западните и југозападните подрачја.
Во наредните денови температурите постепено ќе бележат пораст.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
