Жерновски даде исказ во Специјалното јавно обвинителство
26.07.2016 14:01
Тој пред обвинителите како што рече доставил извештаи од ревизијата во врска со проектот „Скопје 2014“.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски даде исказ во Специјалното јавно обвинителство кое пред неколку месеци отвори истражно досие за проектот „Скопје 2014“.
Тој пред обвинителите како што рече доставил извештаи од ревизијата во врска со проектот „Скопје 2014“.
Жреновски истакна дека сите документи и извештаи на ревизијата за злоупотреба и прекршувања на законот за овој проект биле испратени во Јавното обвинителство пред три години, но оваа институција молчела и не го процесирала случајот.
