Условот за најмалку 3,5 просек на Спортската академија ќе важи од наредната учебна година

26.07.2016 14:17

Околу 120 ученици во текот на учебната година не успеаа да го обезбедат очекуваниот просек, кој во август минатата година беше законски регулиран. Родителите тврделе дека не биле информирани...

Условот од 3,5 просек за Спортската академија ќе важи од следната учебна година- измените се усвоени во Собранието. Околу 120 ученици во текот на учебната година не успеаа да го обезбедат очекуваниот просек, кој во август минатата година беше законски регулиран. Родителите тврделе дека не биле информирани, бидејќи уписот на ученици се реализирал во мај и јуни.

„Сите ученици во Спортската академија ќе го продолжат своето образование следната учебна година во рамки на Спортската академија, никој нема да биде отпишан, со тоа што одредбата се одлага за следната учебна година имајќи го во предвид фактот дека оваа учебна година сите ќе учат по новите услови. За сите новозапишаи ќе важат условите да постои просекот 3,5“, рече заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.