Франција: Напаѓачите во црквата кај Руан биле припадници на ИД

26.07.2016 14:58

Напаѓачите на црквата во близина на францускиот град Руан, биле припадници на групата Исламска држава, тврди претседателот Оланд. Во заложничката драма убија еден свештеник, а двете вооружени лица беа застрелани од полицијата...

Франција повторно во шок. По терористичкиот напад во монендски познатата Ница на Азурниот брег, терористите денес нападнаа црква во едно мало, непознато, градче во Нормандија.

Во Сант Етиен ди Рувре, двајца терористи вооружени со ножеви изутринава влегоа во црквата при редовната утринска миса и зедоа за заложници пет лица. Свештеникот, две религиозни сестри и два верници. Една од сестрите успеа да им побегне и да ги информира силите на редот, кои според новите антитерорстички мерки, интервеираа многу брзо. Полицијата ги застрела двата напаѓачи, во моментот кога тие излегуваа од црквата и се подготвуваа да заминат, при што отвориле оган врз полицијата.

Терористите  го убија 84 годишниот свештеник Жак Хамел, при што другите три верници биле повредени, соопштија црковните власти од Руан. Еден од ранетите е „меѓу живот и смрт“ соопшти министерот за внатрешни работи.

Францускиот претседател Франсоа Оланд веднаш замина на самото место на нападот, заедно со министерот за внатрешни работи за да им изрази националната солидарност на сите жители на општината, приота тој тврди дека „двата терористи“ биле припадници на ДАЕШ (француската кратенка за Исламската држава).

Јас сум во присуство на градоначалникот кој беше страшно погоден од кукавичкото убиство на свешетеникот на парохијата од двата терористи кои изајавија дека и припаѓаат на Даеш. Се сретнав со семејстфвото на свешетеникот. Исто така сакав да разговарам со лицата кои беа заложници и кои ја изразија, болката, тагата и желбата да разберат што се случи“, изјави претседателот Оланд.

За истрагата е задолжено антитерористичкото обвинителство.

Оланд со нова порака:

„Денес, треба да бидеме свесни дека терористите нема да се откажат  се додека не ги запреме. Тоа е наша определба.Тоа го правиме постојано со водведување на закони, нови средства со развивање на нови сили. Французите треба да знаат дека има закани, тие не се сами. Но нашата сила ни доаѓа од единството.“

Овој напад е прв успешен напад на исламистичките терористити врз христијански храм во Франција, иако тие планирале слични напади и претходно. Напад, кој сигурно за утрешниот ден Оланд закажа средба со конференцијата на претставниците на религиозните заедници во Франција.

 

Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ