Вељаноски- Орав: Брза имплементација на договореното

26.07.2016 15:03

Според Орав, за Унијата е важно да ја има Македонија како стабилен партнер.

„Брза имплементација на договореното, за Македонија да се посвети на евроатланската интеграција и поскоро да ги започне преговорите за членство во Европската унија“- порачал евроамбасадорот Аиво Орав на својата проштална средба со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Според Орав, за Унијата е важно да ја има Македонија како стабилен партнер.

Вељаноски најавил дека ќе направи сѐ што е во негова надлежност да се реализираат активностите кои произлегуваат од последниот договор меѓу политичките партии.