94.000 осигуреници направиле превентивни прегледи
26.07.2016 15:20
За шест месеци матичните лекари прегледале над 93 илјади осигуреници. Откриле среден и висок ризик кај кардиоваскуларните, бубрежни и лицата со дијабет. Докторите препорачуваат зголемена физичка активност...

Во првата половина од годинава, околу 94.000 осигуреници направиле превентивни прегледи за трите најчести заболувања- кардиоваскуларните, бубрежните и дијабетесот. Раната превенција, велат од Фондот за здравство, спасува животи.
Кај најголем дел од пациентите е откриен среден или низок ризик за какво било заболување. На оние со висок, даден им е совет или терапија.
Надлежните препорачуваат луѓето со висок ризик од некое заболување да го намалат внесот на сол, шеќер и мрсна храна, а да ја зголемат физичката активност.
Александра Спировска
