Со фестивалот „Илинденски денови“ во Битола започнува чествувањето на Илинден

26.07.2016 15:28

Со традиционалниот Републички фестивал на народни песни и ора „Илинденски денови“, од в петок во Битола започнува неколкудневното чествување на најголемиот македонски национален празник. На 46-тото издание во четитите фестивалски вечери ќе настапат над илјада учесници односно 30 домашни и пет странски ансамбли.

Со традиционалното дефиле по „Широк Сокак“ и звуците на „Тешкото“, в петок најстариот фестивал на народни песни и ора „Илинденски денови“, ќе го започне воведот во чествувањето на најсветлиот македонски национален празник. Манифестацијата чувар на создаденото од народниот гениј и жив учебник за богатото културно историско минато, Илинден е кодот на македонецот, празникот кој обединува без разлика каде и да сме велат граганите

Во четирите фестивалски вечери на 46-тото издание ќе настапат над илјада учесници. Покрај 30-те домашни богатството на својата култури и традиции ќе го претстават и петте странски ансамбли. Настаните ќе се одвиваат на повеке локации.

Таа интернационална примеса на фестивалот посебно ќе се почувствува на свеченото затворање во Античкит театар на Хераклеа. Фестивалска вечер која ќе биде заокружена со концертот „Ноќ спроти Илинден“, како дел од проектот Македонскиот непокор.

Веке следниот ден сите патишта ќе водат кон потпелистерското село Трново на семакедонската светска средба на која по кој знае кој пат од нашите иселеници и протераните од Егејот ќе се слушне крикот на една историска болка и неправда.

 

Стевче Митревски