ДИК ја објави листата со спорни гласачи
Државната изборна комисија ја објави листата со спорни гласачи. Јавниот повик трае до 19- ти август. Ако дотогаш не се пријават за проверка, ќе ги нема на избирачкиот список...

Државната изборна комисија го објави списокот со спорни 39 илјади 502 гласачи кои имаат рок да се пријават до 19-ти август доколку сакаат да имаат право на глас.
Најголем дел од овие гласачи не беа најдени во своите домови за време на теренските проверки. Освен на интернет, списокот ќе биде достапен и во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија низ земјава, во дополнителните канцеларии на ДИК во општините, како и во месните канцеларии на Министерството за правда.
Освен лично, граѓаните ќе може да се пријават и преку интернет за што има посебна апликација поставена на страницата на Државната изборна комисија.
На спорните гласачи ќе им се испратат и писма на адресите наведени во избирачкиот список со кои ќе се повикаат да се пријават.
Ана Јосифоска- Тодоровска
