Кој кого шпионирал во „Шпион“?

29.01.2014 16:24

Наместо првообвинетиот во процесот Шпион, својата одбрана зад затворена врата ја дал Иџет Абди од Агенцијата за разузнавање. Се товари дека ја организирал групата за шпионажа. Што кажал и како се бранел, останува непознато за јавноста бидејќи процесот се води без присуство на јавноста поради оддавање државни тајни.

Првообвинетиот Марјан Ефремов, екс- разузнавач и според обвинението лидер на групата, не бил подготвен за одбрана бидејќи се запознавал со доказниот материјал во постапката. Подоцнежното добивање безбедносен сертификат за неговиот адвокат било пречката што тој досега не ги видел доказите.

„Да, тоа е причината, но нема никакви законски пречки ако еден од обвинетите не е подготвен друг да ја даде својата одбрана“, рече адвокатот Еленчо Миланов.

Деветнаесетчлената група која според обвинението продавала доверливи информации на странски служби уценувала и познати бизнисмени. Информациите ги продавале на унгарската, грчката и на руската служба.

Тие пак се интересирале од безбедносната состојба во земјава до вахабизмот.  Плаќале за информација која ќе ги отслика состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и во ДПА, но и за тоа кои би можеле да се кандидати на избори. Во групата обвинети се и полицискиот генерал Горан Стојков и ексдиректорот на Управата за перење пари Ване Цветанов.

Миле А. Ристески