Иванов во посета на припадниците на АРМ на јужната граница

27.07.2016 10:09

Ќе бидат презентирани еден од сместувачките капацитети на армиските припадници во Богданци, моменталната безбедносна состојба и одгворносите на силите во согласност со доделените задачи за спречување на нелегални минувања...

Со цел анализа на актуелната ситуација со обезбедување на државната граница и тактичките мерки и процедури што ги спроведува АРМ, претседателот на државата и врховен командант на оружените сили ќе ги посети припадниците на АРМ на јужната граница.

Со него во придружба е и началникот на генералштабот, генерал – полтполковник  Методија Величковски.

Ќе бидат презентирани еден од сместувачките капацитети на армиските припадници во Богданци, моменталната безбедносна состојба и одгворносите на силите во согласност со доделените задачи за спречување на нелегални минувања на државната граница со Грција.