Стартува Илинденскиот марш
27.07.2016 10:18
25-темина коњаници придружувани од фаланга од дваесетина членови со звуци од зурли и тапани ќе се упатат кон црквата Свети Петар и Павле во Горно Лисиче каде што ќе се одржи свечена литургија.

Денеска стартува Илинденскиот марш од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродорм- традиционалниот покровител на коњичкиот марш.
25-темина коњаници придружувани од фаланга од дваесетина членови со звуци од зурли и тапани ќе се упатат кон црквата Свети Петар и Павле во Горно Лисиче каде што ќе се одржи свечена литургија.
Благослов ќе им дадат високи свештеници од македонската православна црква. Патот ќе го завршат во Крушево на втори август кога ќе се приклучат на најголемиот македонски национален празник Илинден.
