Идентификуван еден од напаѓачите на црквата во Нормандија

27.07.2016 10:33

19-годишниот Адел Кермиш веќе имал полициско досие. Лани се обидел да замине за Сирија, па бил под строг надзор и морал да носи електронска алка на ногата.

Француските власти идентификувале еден од двајцата напаѓачи кои убија свештеник и држеа заложници во Нормандија.

19-годишниот Адел Кермиш веќе имал полициско досие. Лани се обидел да замине за Сирија, па бил под строг надзор и морал да носи електронска алка на ногата. 

Полицијата соопшти дека се убиени двајцата мажи. Исламска држава презеде одговорност за нападот. Претседателот Оланд повика на обединетост во борбата против џихадистите.

„Исламска држава ни прогласи војна. Терористите сакаат да не поделат. Нападнати се сите французи. Мора да останеме единствени, заедно, во блок што нема да може никој да го раздели“, изјави Оланд.

Во последните неколку месеци, џихадистите на Исламска држава извршија повеќе смртоносни напади и во Франција и во други европски земји.