Хилари Клинтон и официјално кандидат на демократите на претседателските избори во САД

27.07.2016 10:42

Нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон зборуваше за нејзината политичка кариера и подобрувањата што таа ќе ги направи ако биде избрана за претседател.

На вториот ден од демократската конвенција во Филаделфија, Хилари Клинтон освои 2383 гласови на делегатите, со што официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија.

Номинацијата на Клинтон ја објави нејзиниот сопартиец, сенаторот Берни Сендерс. Нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон зборуваше за нејзината политичка кариера и подобрувањата што таа ќе ги направи ако биде избрана за претседател.

Хилари Клинтон доби поддршка и од поранешниот американски претседател Џими Картер и поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт.