Дилма Русеф нема да присуствува на отворањето на олимписките игри
27.07.2016 12:15
Причина за бојкотот е изјавата од кабинетот на привремениот претседател Темер, дека Русеф не треба да седи до него, туку на пониско ниво.

Суспендираната бразилска претседателка Дилма Русеф нема да присуствува на отворањето на олимписките игри во Рио.
Причина за бојкотот е изјавата од кабинетот на привремениот претседател Темер, дека Русеф не треба да седи до него, туку на пониско ниво.
Доколку не победи во судскиот спор, Русеф ќе биде сменета веднаш по олимпијадата. Обвинета е за злоупотреба на службената должност.
