Идентификуван еден од двајцата терористи кои ја нападнаа црквата во Франција
Кермиш Адел (19 години) е идентификуван како еден од двајцата терористи кои го извршија нападот врз црквата во Сант Етиен ди Рувр, во близина на Руан. Напад во кој на громорозен начин беше убиен 86- годишниот свештеник Жак Хамел...

Идентификацијата на вториот напаѓач, исто така, застрелан од страна на специјалните полициски сили, сѐ уште е во тек, соопшти јавниот обвинител Франсоа Молан.
„Изгледа дека оваа личност која нема криминално досие сепак и била позната на антитерористичката полиција“, рече Молан.
Убиството на 86 годишниот свештеник предизвика бран на солидарност и згрозеност од овој варварски чин. Опозијата од десницата предводена од Никола Саркози и крајната десница на Националниот Фронт, силно ја критикуваат владата и бараат таа да поднесе сметки, нарушувајќи го нацоналното единство. За разлика од политиачрите, лидерите на верските заедници се многу потрезвени.
Пораката од првиот католик на Франција, испратена од перонот на Елисејската палата, е симболична и значајна- Исламската држава јасно имаше за цел да предизвика раздор и меѓу верниците од различните вероисповести во Франција, силно електризирана по серијата на смртоносни атентати.
На состанокот беше побарано засилено обезбедување на религиозните објекти во земјата, но на сите им е јасно дека е просто невозможно да се обезбедат само околу 40.000 цркви. Ректорот на големата џамија од Париз Далил Бубакер, изразувајќи згрозеност од варварскиот чин, смета дека е потребна реформа на муслиманските инситуции во Франција.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ
