Почна манифестацијата „Крушево етно- град“

27.07.2016 12:57

„Крушево етно- град“ ја продолжува традицијата. Стотина костимирани крушевчани во комити, труци, чорбаџии во староградска носија прошетаа низ градските улици. Во наредните пет дена низ историски времеплов ќе потсетат на вистинските вредности. Како да се негува и зачува традицијата што треба да се пренесе на новите генерации...

Комити, турци, војводи, чорбаџии, занаетчии. Крушевчани преку носите и облеката и со манифестацијата „Крушево етно- град“ го живеат својот времеплов низ историјата и традицита.

Традициите да се негуваат и да се пренесат на новите генерации. Прво се обновуваат и се потсетува на занаетите, меѓу кои и работата со срма.

Крушево етно град ги привлекува гостите. За организаторите, исторјата и традицијата мора да се запаметат.

Наредните пет дена манифестацијата ќе понуди запознавање на Крушево преку архитектурата, занимањата, традиционалната храна и околината.

 

Елизабета Митреска