СДСМ: Миноски итно да ги откаже аукциите
27.07.2016 13:04
Според партијата ова е потврда дека власта не може да функционира без нови задолжувања...

Од СДСМ соопштуваат- министерот за финансии Миноски треба итно да се откаже од аукциите на домашниот пазар на капитал. Според партијата ова е потврда дека власта не може да функционира без нови задолжувања.
Според СДСМ, пред Управниот суд се уште се води постапка за законитоста на сите домашни аукции на државни хартии од вредност, одржани од почетокот на годинава, а судот треба да донесе одлука по поднесената тужба за постапката.
