ДИК: Јавен повик за пријавување спорни гласачи
Списокот со податоци е објавен на веб страницата на ДИК, во подрачните одделенија на комисијата, во месните канцеларии на Министерството за правда– Управа за водење на матични книги...

Државната изборна комисија повикава граѓаните, чиишто записи во избирачкиот список по извршените теренски и вкрстени проверки се спорни, до 19 август да се пријават за да може да бидат запишани во избирачкиот список.
Списокот со податоци е објавен на веб страницата на ДИК, во подрачните одделенија на комисијата, во месните канцеларии на Министерството за правда– Управа за водење на матични книги.
Пријавувањето може да се изврши лично, со документ за идентификација, или по електронски пат. Преку оваа опција, треба да се пополни пријавата и да се прикачи скениран личен документ, на кој јасно се наведени личните податоци, адресата на живеење и важноста на документот.
