„Мој пратеник“: Вељаноски најредовен на седниците на Собранието

27.07.2016 14:53

Вељаноски и уште 33 пратеници ниту еднаш не отсуствувале од пленарка. Сугарески рекорден по дискусии и реплики на седница, Илиоски најактивен во комисиите. Ахмети и Тачи не се јавиле за збор. „Мој пратеник“ за првата половина од годинава...

Горан Сугаревски од СДСМ е рекордер во дискусии и реплики на пленарните седници, Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ најмногу зборувал на работните тела – резултати од „Мој Пратеник“ за првата половина од годината. Ниту еднаш за збор не се јавиле лидерите на ДУИ И ДПА,  Али Ахмети и Мендух Тачи. Најмногу предлог - закони поднела пратеничката група на Социјал-демократите. Горан Милевски од ЛДП имал најмногу амандмани. Првиот човек на Собранието Трајко Вељаноски и уште 33 пратеници не отсуствувале од ниту една пленарна седница.

Според извешатјот најмногу оправдани отсуства имаат Хазби Лика, Али Ахмети и Менух Тачи. Најмногу пратенички прашања поставувале Нора Алити и Даниела Рангелова, додека најмногу реплики и контрареплики имале Горан Сугаревски и Маријанчо Николов.

За присуството и отсуството на пратениците, нивната активност во Собранието и собраниските тела, веќе десет години се објавува во публикацијата „Мој пратеник“.

Наташа Јанчиќ