Македонската хорска уметност афирмирана во светски рамки
Хорот „Света Злата Мегленска“ е светски шампион во категоријата „Женски камерни хорови“. Во Сочи ја афирмира македонската хорска уметност во светски рамки...

Со титулата светски шампион во категоријата „Женски камерни хорови“, „Света Злата Мегленска“ се врати од престижните „Светски хорски игри“, кои се одржуваа од 6 до 16 јули во Сочи. Тие ја афирмираа македонската хорска уметност во светски рамки освојувајќи ги и трите златни медали во категориите световна музика, фолклор и црковна музика.
Многубројните награди за хорот „Света Злата Мегленска“ доаѓаат во годината кога се одбележуваат 20 години од формирањето на овој камерен состав.
Од многуте меѓународни настапи низ светот, нашите девојки секогаш се враќаат со највисоките награди и признанија - рече министерката Канческа.
На деветото издание на најголемото и најзначајно хорско натпреварување, учествуваа 280 хорови од 76 земји во светот кои се натпреваруваа во 28 дисциплини.
Александра Спировска
