Поликлиниката Букурешт доби современ мамограф

27.07.2016 15:45

Во поликлиниката Букурешт е ставен во употреба нов дигитален мамограф. Треба двојно да го зголеми бројот на снимања, комлетната дијагноза ќе се добива за 3 минути...

За 3 минути по снимањето, пациентките ќе ја дознаат дијагнозата со новиот дигитален мамограф во поликлиниката Букурешт. Апаратот е со висока резолуција, а снимките преку мамографот можат да се испраќаат во други медицински центри низ светот. Лекарите велат дека сега, наместо шест, ќе се прават по 12 снимања дневно. Уверуваат дека функционира бесплатниот скрининг на дојка, 98 проценти од пациентките се одзвале на поканата.

Директорката на Здравствениот дом Скопје вели дека во првата половина од годинава е зголемен бројот на услуги во однос на лани.

Министерот Тодоров вели дека ова е најсовремен мамограф кој е инсталиран во здравството.

Со скринингот кој Министерството за здравство го почна од април минатата година, биле опфатени над 13.000 жени. Во моментот се спроведува во вкупно 24 јавни здравствени установи. 

 

Ана Јосифовска- Тодоровска