Ребаланс на буџет: Спротивставени ставови за трошењето на државните пари
Социјалдемократите побараа ребалансот да се повлече сѐ додека не се расчисти постапката со издадената еврообврзница од 450 милиони евра. Според нив се крати на основните потреби на граѓаните, се троши на непрофитабилни проекти...

И во финалето на собраниската расправа за ребалансот на буџетот останаа спротивставените ставови за трошењето на државните пари. За власта, буџетот е развоен, за опозицијата е недомаќински. Според Јасминка Дамчевска од ВМРО – ДПМНЕ, ребалансот е потребен за задржување на макроекономската стабилност.
Социјалдемократите побараа ребалансот да се повлече сѐ додека не се расчисти постапката со издадената еврообврзница од 450 милиони евра. Според нив се крати на основните потреби на граѓаните, се троши на непрофитабилни проекти.
За мнозинството, остана отворено прашањето- која е таа влада што може да го оствари планираното кога опозицијата три пати бега од избори?
Со новиот ребаланс на буџетот се предвидува ревидирање на економски раст од 4 на 2,3 проценти, намалување на вкупните приходи за три милијарди денари и на вкупните расходи за 804 милиони денари.
Сунчица Николоска
