ДИК: Во тек е пријавувањето на граѓаните чии записи во Избирачкиот список се спорни
До попладнево, можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани, лично во подрачните одделенија и канцелариите на ДИК или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија...

Државната изборна комисија ги повикува граѓаните, чии записи во избирачкиот список по извршените теренски и вкрстени проверки се спорни, до 19-ти август да се пријават, за да може да бидат запишани во избирачкиот список.
Списокот со податоци е објавен на веб – страницата на ДИК, во подрачните одделенија на комисијата, во месните канцеларии на Министерството за правда – Управа за водење на матичните книги.
Досега според ДИК, се пријавиле над 120 граѓани. Пријавувањето се врши лично, со документ за идентификација или по електронски пат. Преку оваа опција, треба да се пополни пријавата и да се прикачи скениран личен документ, на кој јасно се наведени личните податоци, адресата на живеење и важноста на документот.
