Пржинските закони пред пратениците
Пратениците ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, за аудио и аудиовизуелни услуги, за Изборниот законик, за Законот за кривична постапка, како и за измените и дополнувањата на Законот за владата. Ќе одат по скратена постапка...

Законските измени, договорени меѓу четирите партии за излез од политичката криза, попладнево се на Собраниска седница.
Пратениците ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, за аудио и аудиовизуелни услуги, за Изборниот законик, за Законот за кривична постапка, како и за измените и дополнувањата на Законот за владата. Ќе одат по скратена постапка.
Законските измени треба да го отворат патот за избори на 11-ти декември, а имплементацијата на доворените реформи треба да биде потврдена на лидерска средба кон крајот на август.
Претходно во Собранието ќе се одржи седница посветена на поставувањето пратенички прашања.
