Закана за поставени бомби во Врховниот суд на Грција

28.07.2016 11:30

Весниците веднаш ја информирале полицијата, по што била спроведена евакуација на вработените и присутните во зградата на судот.

Непознато лице претпладнево се јавило во редакциите на два грчки весника предупредувајќи дека во зградата на врховниот суд на грција се поставени две бомби.

Весниците веднаш ја информирале полицијата, по што била спроведена евакуација на вработените и присутните во зградата на судот.

Според грчките медиуми, непознатиот јавувач рекол дека првата бомба ќе експлодира во 9:30 часот, а втората во 11 часот по локално време.