Евакуиран шопинг центар во Бремен, уапсено едно лице

28.07.2016 11:43

Нема докази дека алжирецот планирал напад или дека е поврзан со исламистички групации и покрај тоа што изразувал симпатии кон Исламска држава.

По неколку часовна потрага германската федерална полиција уапси 19-годишен алжирски бегалец, кој избегал од психијатриска клиника и кој при апсењето извикувал „ќе ве кренам во воздух“.

Нема докази дека алжирецот планирал напад или дека е поврзан со исламистички групации и покрај тоа што изразувал симпатии кон Исламска држава. 

Властите претхоно евакуираа еден трговскиот центар во Бремен, на околу 40 километри од психијатарската клиника, откако посетителите забележале сомнителен маж, за кого помислиле дека е избеганиот пациент.