Николоски: реформа на мониторинг постапката на ПССЕ

29.01.2014 17:05

Во текот на на 2013 година на иницијатаива на неколку делегации вклучително и македонската ....

Во текот на на 2013 година на иницијатаива на неколку делегации вклучително и македонската се отвори прашањето за ефективноста на мониторинг механизмот со кој се опфатени само новите членки на СЕ и земјите од Источна Европа односно тие што станаа членки по 1990-та година. Тоа значеше силно исполнување на обврските од нивна страна, но во исто време неисполнување на обврските од останатите земји членки, пред се во делот на заштита на човековите права и владеењето на правото. Целта на комисијата е да предложи нов механизам кој ќе ги разреши овие недоследности.

-Досега бевме доведени во апсурдна ситуација да одредени земји бидат во мониторинг, а да исполнуваат повеќе стандарди од други кои не се. Таков е примерот на Македонија и Грција, каде Македонија во делот на заштита на малцинските и човекови права, како и културните и јазични права е понапред од Грција, а сепак е во пост- мониторинг дијалог како нова членка, а Грција не е како стара членка. Тоа не е во ред и мора да се промени. Стандардите на СЕ се исти за сите земји членки. Сметам дека со реформата која ќе ја предложиме ќе дадеме смисла на функционирањето на Советот на Европа во променетите поитички услови во Европа во овој 21 век" – изјави за МРТВ Александар Николоски по неговиот избор за член на ад-хок комисијата за реформа на мониторинг процесот.

Инаку во Мониторинг  комисијата, односно Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа, покрај Александар Николоски за член е избран и Игор Ивановски, со што ретко кога Македонија имала двајца претставници во оваа значајна комисија на ПССЕ.

Тони Гламчески