Доналд Трамп ќе го разгледа прашањето за Крим, доколку стане претседател на САД
Според Трамп, рускиот претседател Владимир Путин не ја почитува кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, ниту, пак, актуелниот претседател Барак Обама.

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп ќе го разгледа прашањето околу признавањето на Крим како дел од Русија, како и укинување на санкциите против Москва, доколку тој стане претседател на САД.
Според Трамп, рускиот претседател Владимир Путин не ја почитува кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, ниту, пак, актуелниот претседател Барак Обама.
Се надева дека Путин има почит кон него, бидејќи тоа ќе ги подобри односите меѓу двете земји, во случај да биде избран за шеф на државата.
Трамп демантираше дека има било какви врски со Русија и нагласи дека никогаш не се сретнал со Путин.
