Идентификуван вториот напаѓач во француската црква
Tој се наоѓал на списокот на осомничени поврзани со исламски екстремисти и кои претставувале закана за националната безбедност на Франција. Безбедносните служби во јуни отвориле досие за Петижан, во кое се наведува дека почнал да се радикализира. Според владата, во Франција има околу 10.500 такви луѓе.

Француската полиција успеа да го идентификува и вториот напаѓач во црквата во северниот дел на Франција што се случи пред пред два дена. Станува збор за 19-годишниот Абдел-Малик Петижан, роден во гратче во источниот дел на Франција, во близина на границата со Германија. Тој се наоѓал на списокот на осомничени поврзани со исламски екстремисти и кои претставувале закана за националната безбедност на Франција. Безбедносните служби во јуни отвориле досие за Петижан, во кое се наведува дека почнал да се радикализира. Според владата, во Франција има околу 10.500 такви луѓе.
Петижан и неговиот соучесник Адел Кермиш, којшто беше претходно идентификуван, во вторникот зедоа заложници во католичка црква во Нормандија за време на утринска литургија, убија свештеник, и тешко повредија еден заложник. Во полициската акција за ослободување на заложниците двајцата терористи беа убиени.
„Се прашувате кога ќе заврши ова. Сите овие напади што се случуваат насекаде. Станува се полошо и полошо“.
„Тие сакаат да доминираат со светот, но нема да им се дозволи. Полни се со омраза кон нас. Јас лично немам никаква омраза кон нив. Едноставно немам одмаздољубив дух, нема никомуда нанесувам зло“, велат граѓаните.
Исламска држава објави видео снимка на која се прикажани двајцата мажи кои го убија свештеникот и кои му се заколнуваат на лојалност на Абу Бакр Ал Багдади, лидерот на терористичката организација, која и ја презеде одговорноста за нападот.
Марина Автовска
