Македонија претставена во специјално издание за луксузен туризам

28.07.2016 12:14

Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, даде интервју за овој магазин, потенцирајќи ги природните убавини на Македонија и потенцијалите со кои располага за овој вид на туризам...

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија се појави во Aspire Magazine, специјалното издание на Travel Weeklyза луксузен туризам.

Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, даде интервју за овој магазин, потенцирајќи ги природните убавини на Македонија и потенцијалите со кои располага за овој вид на туризам.

Поради покажаниот интерес од британската публика, Агенцијата за промоција и поддршка на туризам оваа година во месец ноември ќе учествува на Aspire Forum, организиран од Travel Weekly Group, каде ќе се остварат средби со над 50 тур оператори пред кои ќе биде презентирана туристичката понуда за луксузен туризам.