Во Општина Илинден ќе се гради фабрика за производство на дизел гориво

28.07.2016 12:54

Фабриката ќе биде поставена на локација од 19.334 метри квадратни. Во неа ќе се преработуваат отпадни масла од секаков вид за добивање дизел гориво...

Во стопанскиот комплекс во Општина Илинден ќе биде поставен камен темелник за изградба на постројка за производство на дизел гориво, добиено преку каталитичка деполимеризација, односно трансформација на отпадот, на германската компанија „Г.Р.А.Д. Екологија“.

Фабриката ќе биде поставена на локација од 19.334 метри квадратни. Во неа ќе се преработуваат отпадни масла од секаков вид за добивање дизел гориво. Како катализатори ќе се користат слама и калциум, а дневното планирано производство се проценува на 20.000 литри дизел, односно 8 милиони литри годишно.

Целта е со овој капацитет да се искористува енергијата содржана во отпадот за добивање на енергенс, без притоа да се испуштаат емисии во атмосферата.

 

Свето Николовски