Зголемено користењето на електронските услуги на ФЗОМ

28.07.2016 12:56

Најкористена електронска услуга на Фондот, како што е наведено во соопштението, е за заверка на ортопедски помагала, која 16.973 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

ФЗОМ, во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможи сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на Фондот.

Како што е наведено во денешното соопштение од ФЗОМ, од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.

Најкористена електронска услуга на Фондот, како што е наведено во соопштението, е за заверка на ортопедски помагала, која 16.973 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

- Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобивки од електронските услуги, велат од ФЗОМ.

Од Фондот ги повикуваат осигурениците, компаниите и здравствените работници да ги користат електронските услуги на ФЗОМ.