24 возила донирани од ИОМ за справување со мигрантската криза
Донација од 24 нови возила, во вредност од 700 илјади евра, од Меѓународната организација за миграција, за зајакнување на капацитетите во справувањето со бегалско-мигрантската криза...

Граничната полиција доби донација од 24 нови возила, во вредност од 700 илјади евра, од Меѓународната организација за миграција, за зајакнување на капацитетите во справувањето со бегалско-мигрантската криза.
Ресорниот министер Митко Чавков посочи дека се проценува оти ќе се активираат организирани криминални домашни и меѓународни мрежи за отворање нови рути за криумчарења.
Сведоци сме на таква интензивна активност, но успеваме на висок професионален начин да ги превенираме преку откривање и враќање на мигрнатите кои илегално влегуваат во Република Македонија, изјави Чавков.
Според Соња Божиновска, раководител на канцеларијата на ИОМ за Република Македонија, овие возила значително ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на Граничната полиција во справувањето со комплексната миграциска состојба.
