Организација на потрошувачи: Граѓаните не се задоволни од коминалните услуги

28.07.2016 13:24

Од потршувачката кошничка која изнесува 32 илјади денари, 10 илјади се отпаѓаат на овие услуги. Затоа е важно колку граѓаните се задоволни- велат од Организацијаната на потрошувачи.

Граѓаните не се задоволни од коминалните услуги- покажува истражувањето на Организацијата на потрошувачи. Според нив, голем дел од семејниот буџет се троши на водоснабдување, осветлување, топлинска енергија, паркинг, отпад.

Од потршувачката кошничка која изнесува 32 илјади денари, 10 илјади се отпаѓаат на овие услуги. Затоа е важно колку граѓаните се задоволни- велат од Организацијаната на потрошувачи.

Треба да се знае на кој начин се даваат комуналните услуги и колку се граѓаните задоволни од нив, како услугите да се подобрат, како да се подобри соработката меѓу потрошувачите и давателите на услугите особено на телекомуникациските, поштенските, дистрибуцијата на електрична енергија,..., посочи претседателот на ОПМ, Лончар Велкова.

Истражувањето на ОПМ покажало и дека граѓаните не се задовлни од одговорите што ги добиваат кога се пожалат за некои од комуналните услуги. Исто така, информациите кои стигнуваат до нив не се соодветни. Би требало, како што потенцира Лончар, да бидат и појасни, попрецизни, како и да се доставуваат до потрошувачите преку новите техничко-технолошки опции како што се смс-пораките и мобилните апликации.