Промовирана Монографија посветена на детското ликовно творештво

28.07.2016 14:49

Во единствената публикација од ваков вид, авторот Валентин Соклевски хронолошки го смести сето она што значајно се случувало на државните изложби на детски творби на оваа тема преку основната порака „Чувајте ја традицијата за таа да не чува нас“.

40- годишното детско ликовно творештво како трајна инспирција од народната култура преточено во Моннографија. Во единствената публикација од ваков вид, авторот Валентин Соклевски хронолошки го смести сето она што значајно се случувало на државните изложби на детски творби на оваа тема преку основната порака „Чувајте ја традицијата за таа да не чува нас“.

Времеплов кој докажа дека кога традицијата е изворот, детскиот интерес е ненаситна жед.

Монографијата има и едно друго значење- авторот Соклевски ја посветува постхумно на првиот директор на фестивалот „Иленденски Денови“, Кирил Танчевски, човекот кој се залагаше детската манифестација да биде составен дел.

Ова рожба од минатата година е дел од програмската шема, а денешната втора детска работилница е симболичниот вовед 46-тото издание на најстариот републички фестивал на народни песни и ора.

 

 

Стевче Митревски