Чавков: Ефективно би одговориле на евентуални терористички напади
И после затворањето на Балканската рута пробелмот со бегалците ќе остане отворен, вели ресорниот министер, пред се поради активирањето на организирани криминални мрежи.

Реални се можностите од терористички напади во земјава, но имаме професионални структури кои ефективно би одговориле тврди ресорниот министер Чавков. Заканите од група или поединец се сложени и не се секогаш предвидливи, такашто секојдневно се разменуваат информации со партнерски служби во регионот и пошироко.
И после затворањето на Балканската рута пробелмот со бегалците ќе остане отворен, вели ресорниот министер, пред се поради активирањето на организирани криминални мрежи. До сега успешно беа откривани и враќани мигрантите кои илегално влегуваа во земјава. Затоа следува и донацијата на граничната полиција од 24 нови возила што ја доби од меѓународната организација за миграција.
Освен оваа донација вредна 700 илјади евра се очекуваат нови 76 возила како и други материјално-технички средства, донации од ЕУ и од Чешка за граничната полиција.
Фиљана Кока
