НБРМ: Македонскиот финансиски систем е стабилен

28.07.2016 15:10

Последните податоци за депозитната база на банките и побарувачката на девизи на менувачкиот пазар укажуваат на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти, коишто се разнишани од домашната политичка нестабилност, покажуваат последните извештаи на Народната банка.

Македонскиот финансиски систем беше стабилен и покрај надворешните и внатрешните предизвици коишто ја тестираа неговата отпорност, оценил Советот на Народна банка. Лани  вкупната актива на финансискиот систем достигна 8 милијарди евра, раст од од 7,1 насто.

Последните податоци за депозитната база на банките и побарувачката на девизи на менувачкиот пазар укажуваат на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти, коишто се разнишани од домашната политичка нестабилност, покажуваат последните извештаи на Народната банка.

Ризиците за економијата и натаму ги оценуваат како неповолни и главно поврзани со домашната политичка криза, а присутни се и надворешните ризици на кои беше посочено во априлската проекција.

Нов ризик во овој контекст претставува референдумското гласање на Обединетото Кралство за излез од Европската Унија, што би можело да има неповолни последици за британската и европската економија.

Имајќи го сето ова предвид, Ннародна банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно ќе направи дополнителни промени во монетарната политика за успешно остварување на законски поставените цели, посочија од Народна банка на Република Македонија.