Викиликс објави аудио снимки од заседание на Демократскиот комитет
Ова доаѓа во момент кога се уште трае Демократската национална конвенција, на која Хилари Клинтон вчера и официјално беше прогласена за кандидат за претседател на САД од Демократската партија.

Викиликс објави нови информации и аудио снимки од заседание на Националниот комитет на американската Демократска партија. Ова доаѓа во момент кога се уште трае Демократската национална конвенција, на која Хилари Клинтон вчера и официјално беше прогласена за кандидат за претседател на САД од Демократската партија.
Објавувањето на првиот пакет електронски пораки на Демократскиот националeн комитет предизвика потрес во самата партија и доведе до оставка на претседателката на комитетот, Деби Васерман Шулц, откако преписките открија дека Комитетот и таа лично ја фаворизирале Клинтон во однос на нејзиниот соперник Берни Сандерс.
