Низа настани за 1.100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски
Значајни културни содржини во насока на одбележување на 1100-годишнината од упокојувањето на големиот мисионер, Св. Климент Охридски, ќе реализираат Министерството за култура и институциите од областа на културата заедно со МАНУ...
На 8 август годинава Македонија ќе ја одбележи 1.100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охродски, сесловенски учител, мисионер, прв епископ на Јужните Словени и основач на Охридската книжевна школа. Пред гробот и моштите на Св. Климент на Плаошник ќе биде одржан молебен. Во Античкиот театар ќе се одржи свечена академија на МАНУ на која ќе земат учество претставници на 11 академии. Свечената академија ќе заврши со културно- уметничка програма.
Во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе биде отворена изложбата на копии на фрески насловена како „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“ која претставува пресек на врвните творечки и уметнички прикази на светителот низ минатото.
МАНУ по повод чествувањето на годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски подготвува две капитални изданија.
Во октомври МАНУ ќе организира Меѓународна конференција на тема Милениумското зрачење на св. Климент Охридски.
Наташа Јанчиќ
