Германска компанија гради фабрика во општина Илинден
Германска компанија гради фабрика во Илинден. Инвестиција од 12 милиони евра. Менаџментот најави 40 вработувања. Ќе произведуваат дизел гориво добиено преку трансформација на отпад. Во локалните економски зони во општината има 181 инвестиција, 32 се странски директни инвестиции.

Германската фабрика за производство на дизел- гориво од преработен отпад на пролет треба да почне да работи. Инвеститорот најави вложување од 12 милиони евра, ќе се отворат 40 работни места.
Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, вели дека во локалните економски зони во општината има 181 инвестиција, 32 се странски. Стапката на невработеност во оваа општина е под 10 проценти.
На поставувањето на камен - темелникот присуствуваше и лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски. Тој рече дека проектот за ангажирање странски консултанти за домашните компании дава резултат.
Во Илинден во моментов се реализираат 4 нови инвестиции, вредни 17 милиони евра. Треба да креираат 230 вработувања.
Сунчица Николоска
