Пратенички прашања: Во фокус вработувањата, студентските избори, одговорност од министри

28.07.2016 16:16

СДСМ побара оставка од министерот за земјоделство, сметаат дека имало злоупотреби во исплатата на субвенции, пропустите во чистењето на каналите и справувањето со болеста „јазлеста кожа“.

Вработувањата, студентските избори, одговорност од министри – дел од темите на пратеничките прашања. СДСМ побара оставка од министерот за земјоделство, сметаат дека имало злоупотреби во исплатата на субвенции, пропустите во чистењето на каналите и справувањето со болеста „јазлеста кожа“.

Министерот Цветков одговори – работам законски и по сите процедури, согласно европските норми.

На прашањето за политиките за отворање нови работни места, премиерот Димитриев ја спомена стапката  на невработеност од 24,5 проценти, историски најниска досега. 

Димитриев рече дека најголем ефект во намалување на невработеноста има таканаречениот оперативен план, преку кој досега се вработиле речиси 63 илјади граѓани.

Тема на пратеничките прашања и студентските избори.

Оваа е втора седница за пратенички прашања, откако Димитриев ја презеде премиерската функција. Од седницата отсуствуваа министрите и замениците од редовите на ДУИ поради приватни причини.   

 

Игор Панов