Во Собранието ќе се гласа за ребалансот на Буџетот за 2016
Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони.

Пратениците денеска во рамки на 111 седница треба да гласаат за ребалансот на Буџетот за 2016 година. Општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта.
За Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година ќе гласаат пратениците од владејачкото мнозинство.
Против во расправата се изјаснија СДСМ и другите опозициски пратеници кои предложија ребалансот на Буџетот да биде повлечен од дневниот ред зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според пратениците, е незаконски издадена.
Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони.
Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари.
